Прегазено 8-годишно дете во Сарај

70

Осумгодишно дете вчера било тешко повредено во село Сарај кога автомобил удрил во него.

-Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 18.05 часот било пријавено дека во село Сарај патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со скопски регистерски таблици, управувано од Ј.И.(32) од село Љубин-скопско, удрило во дете-пешак на возраст од осум години од село Сарај – информираат од МВР.

По незгодата детето било пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на настанот.