Прегазена жена во Скопје

159

Вчера околу 19 часот на улицата „Ферид Мурати“ во Скопје патничко моторно возило “Мерцедес“ управувано од М.Ф.(29) од Скопје удрило во пешакот Ѓ.С.(70) од Скопје.

Од незгодата Ѓ.С. се здобила со повреди и со истото возило била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.

Се работи на целосно расчистување на случајот.