Празници поминати со сообраќајни повреди

373
Фото: Игор Бансколиев

Неодговорното возење и дејствување на патиштата продолжи и за празниците. Според информациите од билтенот на Министерството за внатрешни работи, се случиле сообраќајки во кои неколку лица завршиле со потешки повреди, а едно лице починало.

Во Куманово на паркингот од улицата Пиринска Македонија, пред градскиот базен, е пријавен случај за сообраќајна несреќа во текот на завчерашниот ден. Лице од Куманово управувајќи мопед „лингбен“ со кумановски регистарски таблички, изгубило контрола и удрило во рабник од остров со зелена површина, при што паднало на коловозот и починало на местото на настанот.

При судир на три возила во вторникот, едно лице заврши со тешки повреди. Во Скопје завчера на улицата Лазо Трповски се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистарски таблички, патничко моторно возило „мерцедес Е210“ со скопски регистарски таблички и патничко моторно возило „фолксваген бора“ со скопски регистарски таблички. Во незгодата тешки телесни повреди добило едно лице.

При тешка несреќа завчера во Скопје беа повредени две деца. Во 12.30 часот во вторникот, на обиколницата на градот Скопје, кај Волково, патничко моторно возило „форд ка“ со скопски регистарски таблички удрило во заштитните бетонски огради. Во несреќата телесни повреди добиле возачот и едно дете сопатник на возраст од седум години, додека другото дете сопатник на иста возраст добило тешки телесни повреди. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Во Струга, во текот на завчерашниот ден, се случила сообраќајна несреќа во која настрадал пешак. Во Струга, на крстосницата од улицата Владо Малески со улицата Ѓуро Салај патничко моторно возило „пасат“ со струшки регистарски таблички удрило во пешак. Во незгодата пешакот добил тешки телесни повреди.