Почнува судењето за убиството на Пинета Секондо – Пино

678

Судењето за убиството на Пинета Секондо – Пино почнува денеска во Кривичниот суд, каде што обвинетата за соучесништво во убиството, Ангела Ѓорѓиевска, ќе седне на обвинителната клупа, шест месеци откако беше приведена.

Пино исчезна на 11 декември 2018 година, по што исчезнувањето во полиција го пријавила неговата мајка. По петмесечна истрага, неговите останки беа пронајдени во атарот на скопското село Љуботен на 29 април годинава. МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Ѓорѓиевска и нејзиниот пријател Али Фуркан за сторено кривично дело „убиство“, на 31 мај. Фуркан избега од Скопје за време на истрагата, по што МВР распиша меѓународна потерница по него.