Починат возач пронајден во возило во кавадаречка фабрика

432

Починато лице во возачка позиција било пронајдено синоќа во товарно возило во кругот на кавадаречка фабрика.

Оваа информација утрово за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој појасни дека станува збор за 62-годишно лице, кое всушност било возач на возилото. На телото немало видливи траги на насилство. Било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.