Постапка за разрешување на судиите од Врховен кои одлучуваа за Сеад Кочан

681

Судијата од Врховниот суд Џемали Саити добил известување од Судскиот совет во врска предлогот за разрешување на судиите кои одлучуваа за ослободувањето од притвор на бизнисменот Сеад Кочан, иако тој беше во бегство.  Саити е меѓу  судиите кои одлучуваа за Кочан.

– За мене можам да кажам дека добив известување. Следат роковите за одговор кон тој поднесок. Се надеваме дека ќе се најдеме, условно кажано во „судницата“ во Судскиот совет и таму ќе ги судриме аргументите во однос на барањето на Советот на факти – изјави денеска Саити пред промоцијата на публикацијата „Правна анализа“.

На прашањето дали гласал против, Саити одговори дека нема да каже како гласал, бидејќи тоа останува во рамки на почитување на зконските одредби.

– Генерално и како претседател на Здружението на судии сметам дека судиите не треба да сносат одговорност за судска одлука во однос на постапувањето, но останува да се види во конкретни ситуации кој е ставот на Судскиот совет и што се нивните наоѓања во однос на овие предмети. Јас не навлегувам во нивната надлежност, тие имаат надлежност да постапуват и ќе видиме кој ќе биде резултатот – рече Саити.

Судскиот совет испратил известување до претседателот на Врховниот суд и до останатите четворица члена на кривичниот совет, кој го ослободи од притвор бизнисменот во бегство Сеад Кочан дека стасала точката за предлогот за нивно разрешување. 

Сеад Кочан во предметот на СЈО „Труст“ е осомничен за добивање противзаконски тендер од 17 милиони евра, со лажна документација.