Поранешниот претседател на Кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шутка

467

Поранешниот претседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски, сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера, Основниот суд во Велес распиша потерница по него.

Панчевски пет дена не беше достапен за органите на прогонот, полицијата не го најде во неговиот дом, по што следуваше национална потерница објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи.

Нему му е одреден 30-дневен притвор откако откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на Кривичниот суд.

Панчевски се товари дека во периодот од јануари 2013 година до септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања.