Поради расправија за момче, малолетничка заврши во болница

256

Во Градската општа болница „8 Септември“ синоќа била донесена 17-годишна девојка од село Средно Коњари, Скопско, со расеченици по левата рака и нога, соопшти МВР.

Според пријавеното, повредите ѝ ги нанела извесна Н.Н. по претходна расправија за момче.

Полицијата информира дека презема мерки за целосно расчистување на случајот.