Полицијата со нови информации за синоќешната несреќа на Првомајска

1101

Момче на 21-годишна возраст и 48-годишен маж загинаа во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на улицата Првомајска, сегашна Борис Трајковски.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 22 часот меѓу „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(21) од село Батинци, скопско и автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(48) од Скопје.

Двајцата возачи загинале на местото на несреќата. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.