Полицаец случајно застрелал колега додека го чистел оружјето

361

Полицаец случајно застрелал свој колега додека го чистел оружјето. Инцидентот се случил во касарната Илинден.

Според информациите на МВР, вчера околу 15 часот пријавено е дека во касарна Илинден полицискиот службеник З. М. (26) при подготовка на оружјето за чистење го погодил во пределот на левата надколеница полицискиот службеник Ц. А. (27) кој бил во истата просторија.

Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а за случајот е известен Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.