Полицаец пропуштил патничка на Табановце без да ѝ побара тест од ковид-19

1412

Против 28-годишен полициски службеник од Куманово поднесена е кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Вработениот како полицаец во Полициската станица за граничен премин Табановце, на 10 јуни при вршење пасошка контрола ѝ дозволил на А. С. влез во земјата, при што не ја завел во електронскиот систем како патник што влегува во Македонија. Полицаецот не ѝ побарал ниту задолжителен ПСР-тест на ковид -19, односно не постапил во согласност со мерките изречени од страна на Владата.