Полицаец при проверка на пиштолот испукал еден куршум во канцеларија

138

Полицаец од Тетово при проверка на службениот пиштол испукал еден куршум во канцеларијата. Во инцидентот нема повредени.

Според информациите на МВР, вчера околу 10.30 часот во работна канцеларија на СВР Тетово, полицискиот службеник Ш.С. (37), вршејќи проверка на службениот пиштол, испукал еден куршум кој завршил во подот пред влезната врата.

Повредени лица нема. Од МВР велат дека во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.