Покрената кривична пријава против полицаец поради насилството во Битола

124

Поведена е кривична пријава против полицискиот службеник кој вчера брутално нападна граѓанин во Битола, а тој и уште еден негов колега кој бил присутен за време на инцидентот ќе бидат суспендирани, соопшти попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Министерството за внатрешни работи остро осудува било каков случај на
насилство, особено кога тоа го направил полициски службеник и тоа строго се
санкционира. Ниту еден ваков чин не може да се оправда! Министерството за
внатрешни работи вложува многу во менувањето на ликот и однесувањето на
полициските службеници и покажавме дека нема да дозволиме, дури и вакви
изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна. Нашата цел е
полиција која ќе биде во служба на граѓаните, која ќе биде во функција на нивна
поголема безбедност – рече Спасовски.

Министерот го осуди и нападот на полициските службеници од страна на двокрадци во Велешко, по кој се приведени четири лица, а има 10 осомничени. Спасовски рече дека се преземаат дополнителни активности со цел да се расчисти случајот, а очекува и брза постапка од Обвинителството.