Пожар избувнал во маркет на булеварот Партизански одреди

205

Во скопската полиција, синоќа околу 2 часот по полноќ, било пријавено дека настанал пожар во маркет на булеварот Партизански одреди.

При тоа биле опожарени два ладилника и дел од стаклото на излогот од маркетот.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје.