Пожар во манастирскиот комплекс во Лешок

442

Изутринава во 2:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во просторија од Манастирскиот комплекс во селото Лешок, Тетовско, при што бил опожарен ситен инвентар.

Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Тетово, а увид е извршен, информира полицијата.