Пожар во магацински простор во Кавадарци, нема повредени

643

Нема поврдени во пожарот што доцна синоќа избувна во магацински простор во Кавадарци, потврди Илчо Богевски, командир на кавадаречката Територијална противпожарна единица.

-Изгоре дел од магацинот, но спречивме пламените јазици да ги зафатат околните објекти. Ризикот за такво нешто беше голем, бидејќи во магацинот имаше дрва и буриња со лесно запалива течност, нафта – нагласи Богевски.

Противпожарната единица на лице место интервенирала со две возила и пет пожарникари.

Се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.