Пожар во куќа во Скопје, сопственикот заборавил да го исклучи шпоретот

113

Вчера на улицата Тајмишка избувнал пожар во куќа во сопственост на Р.Р.(48), најверојатно поради заборавен вклучен електричен шпорет.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, целосно го локализирале пожарот.

МВР соопшти дека нема повредени лица.