Пожар во Крњево, спасени верски објект, пчеларник и викендичка

244

Пожар избувна денеска во кавадаречкото село Крњево, од Територијалната противпожарна единица велат за МИА дека не дозволиле пламените јазици да зафатат верски објект, пчеларник и викендичка.

– На гаснење сме од кај 13 часот. На терен сме 12 луѓе од четири тима, по два од нашата единица и „Македонски шуми”, подружница Кавадарци. Тука е и полицијата која води истрага околу тоа како настанал пожарот – рече Александар Чадамов, командир на единицата.

Пожарот има зафатено околу 20 хектари површина, со сува трева и дабова шума. Изгорени се дел од дабовите дрвја, а има и опожарени.