Пожарот во Потпелистерието ставен под контрола

93
Фото: Илустрација

И покрај тоа што поради ветрот се закануваше пожарот во Потпелистерието
да се прошири, сепак со максимално ангажираwе на противпожарната единица
и останатите учесници вклучени во гаснењето на пожарот, тој, според
зборовите на командирот на противпожарната единица на Битола, Костадин
Поповски, вечерва е ставен под контрола.

– Денеска имавме пожари на неколку места во градот, но најсериозен беше пожарот кај Ротино, во Потпелистерието. Благодарение на големото ангажирање на сите учесници кои беа вклучени во гаснењето на пожарот тој е ставен под контрола и засега нема опасност да се прошири – ни изјави Костадин Поповски. М.М.