Поднесено обвинение за жена која ја задави мајка си во Карпош

99
Фото: Игор Бансколиев

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката која ја задави мајка си во Карпош.

Според обвинението, 46-годишната жена ноќта меѓу 1 и 2 август насилно до смрт ја задушила својата мајка која имала 74 години.

Поради опасност од бегство, јавен обвинител до кривичниот суд испратил барање за продолжување на притворот на обвинетата.

Според информациите од полицијата, обвинетата сама се пријавила во полициска станица Карпош и изјавила дека при вршење семејно насилство, ја задавила сопствената мајка. Таа рекла дека ја убила мајка си поради меѓусебни несогласувања и расправии заради финансиски средства.