Подметнат пожар во „Опера бар“

668
Противпожарните возила често имаат дефекти Фото: Маја Јаневска-Илиева

Утрово околу 3:15 часот, непознат маскиран сторител со бензин го полеал и подметнал пожар на угостителскиот објект „Опера бар“ кој се наоѓа во склоп на објектот на Националната опера и балет.

Од безбедносните камери се гледа подметнувањето на пожарот. Иако во пожарот не била зафатена внатрешноста на објектот, сепак сопственикот потврдил дека има голема материјална штета, бидејќи стаклата биле испукани, пишува А1он.

СВР Скопје потврди дека инцидентот е регистриран и се работи на него.