Повреден работник во депонијата „Мегленци“

454

Шеесетгодишниот Р.П. од село Лопатица вработен како машинист на работна машина-багер, вчера се здобил со тешки телесни повреди извршувајќи работни задачи во депонијата „Мегленци“, сопственост на Јавното претпријатие „Комуналец“, во Битола.

МВР информира дека според пријавеното, додека Р.П. се обидувал да се качи во кабината од работната машина за да ја запре, а која во еден момент почнала да се движи наназад, подвижната гасеница му ја потфатила левата нога и го исфрлила зад машината.

Од страна на друг вработен Р.П. бил извлечен подалеку од машината. Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.