Повредено момче во пекара во Скопје

231

Дваесет и едногодишниот Б.И. е повреден еден час по полноќ откако количката со која влегол во лифт во пекарата на „Груица Војвода“ во Скопје, а во која имало леб, од непознати причини се превртела и го потиснала.

МВР информира дека повредениот е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.