Петмина повредени од несреќата на патот Велес-Штип задржани во болница

176

Возачот на автобусот и четворица патници кои се потешко повредени се задржани на лекување во велешката болница, по синоќешната сообраќајна несреќа која што се случи на патот Велес – Штип. При судирот на автобус со комбе, загина 29-годишниот возач на товарното комби „крафтер фолксваген“ од Скопје.

Возачот на автобусот,со кратовски регистратски таблички е тешко повреден, а лекарска помош побарале и 18 патници, од кои четворица се задржани во болница на понатамошно лекување.

Несреќата се случи околу 20 часот на магистралниот пат Велес – Штип пред клучката за Ново Село. За колку тешка и сериозна несреќа станува збор, укажува фактот што противпожарни екипи биле повикани на местото на несреќата за да ги извлекуваат повредените патници.

Повредените биле семејства со деца и патувале на одмор за Бугарија. Полицијата ги утврдува причините за несреќата.