Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот Драгожани – Битола.

Според неофицијални информации, повратник од САД во сообраќајката се здобил со тешки телесни повреди на карлицата и во коматозна состојба бил пренесен во Клиничката болница во Битола.

По згрижувањето на повредениот и укажаната прва помош тој бил транспортиран во приватна болница во Скопје, каде што бил задржан на лекување.

Засега не се знаат причините за сообраќајката. М.М.


Повратници од Англија тешко повредени во сообраќајка на регионалниот пат Скопје-Тетово

Повеќе лица меѓу кои и малолетници биле повредени во несреќата која се случила вчера кога возило со англиски ознаки излетало од патот кој води кон село Бојане, скопско, соопшти полицијата.

Вчера околу 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, пред крстосницата со локалниот пат кој води кон с.Бојане, скопско, патничко возило „бмв“, со англиска национална ознака, управувано од Е.Б.(32) од Англија, излетало од патот.

Во незгодата, сопатниците И.Б.(66) од с.Палиград, скопско, и С.Ч.(27) од с.Рашче, скопско, двајцата со живеалиште во Англија, се здобиле со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле возачот и двајца малолетни сопатници од Англија, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.