Повеќемина приведени за оружје и дрога во голема полициска акција на 34 локации во Скопје

666

Повеќе лица се уапсени во Скопје во обемна полициска акција за откривање на оружје и дрога. Припадници на полицијата од рано изутринава извршија претреси на 34 локации во главниот град, при што се приведени повеќе лица.

Како што дознава „Макфакс“, претреси биле извршени во Ѓорче Петров, Грчец, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и во Центар. Полицијата барала повеќе лица инволвирани во различни кривични дела.

При претресите биле пронајдени дрога и нелегално оружје, дознава „Макфакс“.

Акцијата започнала пред 5 часот изутринава и траела до 15 часот.