Поведена постапка за две лица кај кои беше пронајдена дрога

112

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка за две лица поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Осомничените пред два дена заради продажба пренесувале 47.745,00 грама наркотична дрога марихуана спакувана во 48 пакувања и 49,68 грама наркотична дрога кокаин.  Дрогата ја ставиле во возило кое било управувано од 53 годишниот осомничен стружанец. Пред него, на растојание од 200 метри, во возило се движел второосомничениот 31-годишен негов сограѓанин. Тие движејќи се од Свети Наум кон Охрид, биле во постојана телефонска комуникација, со цел осомничениот во првото возило да го извести соизвршителот доколку има полиција на патот.

По веста за полициската патрола осомничениот во второто возило се дал во бегство во пределот на месноста Рача, но бил сопрен и приведен од полициските службеници.

Со цел обезбедување на натамошно непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.​