Планинар со тешки повреди со хеликоптер пренесен во болница

163

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден откако качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се лизнал и паднал од карпа. Тој се искачувал заедно со уште петмина други планинари.

Повредениот планинар со хеликоптер бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.