Планинарот кој загина на Олимп е 57-годишен скопјанец

368

Македонскиот планинар кој загинал на планината Олимп во Грција по пад во провалија е 57-годишен скопјанец со иницијали М.Г. Информацијата ја потврдија и од МНР. Според нивните првични сознанија, по сведочењето на очевидци, несреќата се случила на 100 метри пред планинарскиот дом Спилиос Агапитас.

Според информациите, тој бил дел од деветчлена група од нашата земја која викендов се искачувала на грчката планина. Несреќата се случила кога на човекот му се слошило, по што паднал во провалија. Не се исклучува и можноста дека пред падот доживеал срцев удар.

Неговото тело со помош на спасувачка екипа од местото на несреќата било пренесено во најблискиот планинарски дом, а по обдукцијата, закажана за утре, ќе бидат утврдени точните здравствени причини кои довеле до падот на планинарот.

Во извлекувањето на планинарот биле ангажирани 14 пожарникари и припадници на специјалната единица за несреќи.