Пијан скопјанец нападнал полицаец пред кафеана

126

Во 3.35 часот во село Трубарево-скопско, пред угостителски објект Д.А.(32) од Скопје, кој бил под дејство на алкохол, го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеник при преземање службени дејствија.

Тој бил приведен во Полициската станица Гази Баба и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.