Пиштол и метална палка пронајдени при претрес на 19-годишник во Скопје

176

При претрес на 19-годишник во скопската населба Влае, полицијата пронашла пиштол „ЦЗ Б“, калибар девет милиметри, една рамка со 10 куршуми и метална палка.

Полицискиот претрес бил извршен во вечерните часови на 13 февруари на улицата Есперанто, а тинејџерот веднаш бил уапсен и спроведен во станица.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок велат од МВР.