Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов во неговиот автомобил

2871

Пејачот Влатко Илиевски (33) бил пронајден мртов во неговиот автомобил „Тојота“, на улицата „Трета Македонска Бригада“ во Скопје, синоќа околу 23 часот, информираат од МВР. Засега нема информации за причините за смртта.

Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Илиевски со години беше член на рок-групата „Морал“. Тој ја претставуваше Македонија на изборот за песна на Евровизија во 2011 година, со нумерата „Русинка“.