Пет напади од кучиња скитници во Гостивар

101

Во полициската станица во Гостивар, на 2 мај годинава, во периодот од 9.20 до 12.40 часот биле пријавени повеќе напади од кучиња скитници во градот.

Како што информираат од МВР, дури петмина граѓани на возраст од 24 до 68 години пријавиле дека биле каснати од улични кучиња.

Според пријавите, нападите се случиле од 8 до 9 часот наутро во близина на спортската сала во Гостивар.