Пет лица повредени во сообраќајна несреќа меѓу камион и автобус

989

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот Скопје – Велес меѓу камион и автобус.

Според информациите на МВР, вчера, во 12.20 часот, кај населбата Дрма се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А. Р. (27) од Струмица, и автобус „јутонг“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И. Ц. (28) од Скопје.

Во незгодата телесни повреди добиле двајцата возачи, како и патниците во автобусот Ф. Ц. (29), К. Т. (36) и П. А. (18), сите од Скопје, по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.