Петрушевски починал од струен удар додека работел качен на метална скала со заварувач

1690

Полицијата денеска официјално ја соопшти причината за смртта на познатиот македонски актер Ванчо Петрушевски. 

Вчера било пријавено дека околу 13:20 часот во село Орешани, скопско, И.П.(67) од Скопје, додека работел качен на метална скала со електричен заварувач на пластични цевки, го удрило струен удар и тој починал на местото на настанот.

Полицијата извшила увид на местото на настанот, а известен бил и јавен обвинител.