Петнаесетгодишно девојче падна во бездна на Селечка планина

138

Петнаесетгодишно девојче од Прилеп вчера паднало во бездна и се здобило со повреди на местото „Чуле“ на Селечка планина.

Полициски службеници веднаш излегле на местото и бидејќи теренот бил непристапен била повикана алпинистичка екипа од Единицата за специјални задачи при МВР и хеликоптер на МВР, кои во најкратко можно време пристигнала на местото и го извлекле девојчето, кое било префрлено во болницата во Прилеп.

Во разговор со полициските службеници девојчето изјавило дека при пешачење се лизнало и паднало во провалија. За настанот е известен и Јавен обвинител.