Петнаесетгодишен мотоциклист тешко повреден при судар со возило

73

Вчера напладне на крстосница од улицата „Илија Николовски Луј“ и улицата „Глигор Прличев“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило со битолски регистарски ознаки, управувано од 60-годишник и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Битола.

Како што јави МВР, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник на мотоциклот. Двајцата биле пренесени во Клиничката болница во Битола каде има била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.