Петмина повредени во физички напади во Тетово и во Гостивар

136

Четворица тетовци и еден гостиварец пријавиле во полиција дека биле жртви на физички напади во три различни инциденти кои се случиле во текот изминатово деноноќие.

Триесет и осумгодишник од гостиварското село Падалиште, пријавил дека во
понеделникот околу 18 часот и 50 минути на улица „Беличица“ во Гостивар, физички бил нападнат од три лица од селото Лакавица, татко и двајца синови. На нападот му
претходела вербална расправија околу предност во сообраќајот, а напаѓачите користеле и бејзбол палки и метални шипки.

Две момчиња на 19 години од Тетово и селото Бозовце пријавиле дека во понеделникот околу 23 часот и 30 минути на улица „107“ во Тетово, двајца 27-годишни тетовци ги пресретнале и физички ги нападнале.

– Напаѓачите ги удирале со тупаници и со рачка од нож и им нанеле видиливи повреди. Откако биле разделени од едно лице, тројцата веднаш избегале од местото. Двајцата 27-годишници потоа се лишени од слобода и по целосното расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок – инфомираше СВР Тетово.

Во вторникот во 7 часот и 30 минути, двајца браќа на 22 и 25 години пријавиле дека
утрото околу 4 часот и 30 минути пред нивниот угостителски објект на улица „Благоја
Тоска“ во Тетово физички биле нападнати од А.И.( 28 ), И.М.( 38) и од уште едно лице од градот. Според нивната пријава претходно во два наврати А.И. го нарушил јавниот ред и мир со закани и кршење на инвентарот од објектот. Пријавените со тупаници и шишиња им нанеле видливи повреди на браќата. Подоцна А.И. и И.М. лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот, додека треттото лице успеало да избега и се бара, соопшти денес СВР Тетово. А.С.