Петмина загинати во сообраќајна несреќа кај Драчево

2068

Пет лица загинаа во сообраќајната несреќа која ноќеска се случила во близина на бензинската пумпа на влезот од населбата Драчево во Скопје. Три лица починале на лице место, а две лица починале на скопските клиники. Неофицијално меѓу загинатите има и малолетно девојче.

Несреќата се случила кога патничкото возило „рено 5“ удрило во камион за собирање на смет.

Подетални инфромации МВР за несреќата ќе изнесе во јавност во текот на денот.