Пациент од Штип нападнал медицинска сестра во Клинички центар

534

Медицинска сестра од комплексот клиники „Мајка Тереза“ била физички нападната од 39-годишен штипјанец кој таму бил на болничко лекување.

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил во вечерните часови на 1 април, додека сестрата била на работното место.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.