Пациентка заболена со коронавирус избегала од струмичката болница

193

Педесет и осумгодишна жена од струмичкото село Вељуса избегала од струмичката болница, каде што била хоспитализирана, соопшти МВР.

– Во период од 2.11.2020 до 7.11.2020 пријавената своеволно, без да потпише изјава и да го информира дежурниот медицински персонал, го напуштила Одделението за инфективни болести при Општа болница – Струмица, каде што била хоспитализирана – се наведува во соопштението на МВР.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.А.(58), поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.