ОЈО Скопје поднесе обвинение за неовластено поседување марихуана

48

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, информира ОЈО Скопје, информира ОЈО Скопје.

Обвинетиот неовластено заради продажба држел опојна дрога – марихуана во вкупна нето маса од 295,3 килограми. Дрогата беше пронајдена на 04.01.2019 година при претрес на неговиот дом во Бутел.

Ценејќи дека и натаму постојат околности кои укажуваат на опасност обвинетиот да го повтори делото и го оправдуваат стравот дека тој би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.