Охриѓанец место да биде во домашна изолација нападнал маж на улица

105

Охриѓанец на 33-годишна возраст кој имал решение за изолација предизвикал тепачка на булеварот Туристичка во Охрид.

Тој нападнал 23-годишен сограѓанин, откако со автомобил го напуштил својот дом.

– Со патничкото возило му го блокирал патот на М.Л., по што физички го нападнал. По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од МВР.