Откриен камион со мигранти, возачот побегнал

86

Вчера околу 19.30 часот на локалниот пат с.Калуѓерица – с.Подареш, Радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле товарно возило „форд транзит“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое имало 32 лица – мигранти (девет лица од Авганистан, 14 од Пакистан, седум од Египет, едно лице од Индија и едно од Турција).

Возачот побегнал од местото пред доаѓањето на полициската патрола, а по наредба на јавен обвинител мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба“ во Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.