Осум мигранти пронајдени на автопатот Куманово-Табановце

89
Фото: Илустрација

Во кумановската полиција во раните утрински часови било пријавено дека се пронајдени мигранти на автопатот Куманово-Табановце, поточно кај клучката за село Костурник.

Како што информираат од МВР, мобилна екипа на Царинска управа во автомобил со скопска регистрација пронашла осум мигранти (двајца од Ирак и шест од Пакистан).

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.