Османи: ДУИ не правеше притисок врз судството за обвинетите за „Монструм“

78

Вицепремиерот Бујар Османи од ДУИ на рочиштето за „Монструм” рече дека се сретнал со семејството на Хаки Азири кој беше заштитен сведок, а сега е обвинет во постапката.

– По настанот и акцијата имаше свикано претседателство во партијата. Таму се разговараше и се донесоа одредени ставови, кои јас требаше да ги пренесам во јавноста. Во интервју на национална телевизија, требаше да го кажам ставовите. Истиот ден или наредниот, на национална телевизија додека бев во операциона сала, имаше писмо на еден од обвинетите, Хаки Азири, во кое стоеше „Нека каже Бујар Османи каде е мојот син?“. Ми беше важно да кажам дека не знам каде е. Преку луѓе кои се соседи, побарав да се сретнам со нив за да им ги пренесам ставовите. Имавме состанок, бев пријателски примен. Ова беше единствен контакт со семејствата на обвинетите – рече Османи на судењето.

По рочиштето, Османи кажа дека нетранспарентноста при судењето на „Монструм” довело до тоа ДУИ да бара повторување на постапката.

– Првото судење поради чувството на нетранспарентност доведе до недоверба во целиот судски процес. Добро е да се види повторен, транспарентен судски процес каде сите зборови се следат од јавноста, каде овој процес се деполитизира, декриминализира и каде граѓаните би верувале во овој судски процес. Денес јас бев сведок, а во минатото гласноговорник на ДУИ – рече Османи по судењето.

Според вицепремиерот и сведок во „Монструм”, ДУИ не правела притисок врз судството за да обвинетите се бранат од слобода.

– Мислам дека беше многу важно да се повтори судењето на овој случај, бидејќи граѓаните не веруваа. Ние не сме правеле притисок врз судството – рече Османи одговарајќи дали правеле притисок како ДУИ, обвинетите во „Монструм” да се бранат од слобода.