Оружје пронајдено во куќа во Арачиново

239

Автоматска пушка, пиштол и муниција биле пронајдени во куќа во Арачиново. Уапсено е едно лице, а против него е поднесена пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Според информациите на скопското обвинителство, осомничениот 21-годишник во својот дом во Арачиново неовластено држел оружје и муниција – еден пиштол марка GLOK 19 со 63 куршуми, како и една автоматска пушка Mpi-KM со 29 куршуми.

Лицето го поседувало пиштолот без дозвола, додека автоматската пушка е оружје кое со закон им е забрането на граѓаните. Оружјето и муницијата биле пронајдени при претрес во домот на осомничениот во текот на денешниот ден.

Со оглед на тоа што во предметот постојат околности кои укажуваат на тоа дека осомничениот би можел да избега или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител достави предлог до Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор.​