Оружен грабеж во НЛБ Банка

1314

Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи оружен грабеж.

Од банката велат дека вработените и сите клиенти кои се затекнале во експозитурата за време на грабежот се безбедни и се во добра состојба.

Во овој момент, претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените што биле присутни во експозитурата, ставајќи ги нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Паралелно, Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, како и утврдување на висината од направената штета, за што јавноста ќе биде дополнително известена.