Оружен грабеж во аптека во Скопје

494

Разбојник вооружен со пиштол ограбил аптека во трговски центар во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера околу 17:45 часот во Скопје, во аптека во трговски центар било пријавено дека едно лице со закана со пиштол извршило разбојништво и од вработените одзело пари.

СВР-Скопје презема мерки за расчистување на случајот.