Опожарен ноќен клуб во Скопје

515

Опожарена е салата и дел од фоајето на ноќен клуб на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје.

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески изјави за МИА дека пожарот избувнал попладнево, а интервенцијата е завршена. 

– Во гаснењето на пожарот интервенираа десет пожарникари со четири противпожарни возила, по телефонска дојава на 193, изјави Томески. 

Засега не се познати причините за пожарот.